Скопје се сеќава – 61 година од катастрофалниот земјотрес
Ништо не наговестуваше дека на 26-ти јули, пред точно 61-на година, желбата за добра ноќ на радио водителот ќе остане само желба, а Скопје ќе се биде срамнето со земја. Утрото во 5 часот и 17 минути, за многумина ќе биде кобно, а за уште повеќе, момент кој целосно ќе им го промени текот на животот.
Под градските урнатини, загинале повеќе од илјада луѓе. Над 4000 биле повредени, додека пак повеќе од 200.000 останале без своите домови.
Еден од нив е 77 годишниот Ристо Делев, кој на 16ет годишна возраст, бил заглавен под урнатините повеќе од 40 часа.
- „Ништо не знаевме што се случува. Од надвор слупавме како разговараат, народ како вика. Роднините како не бараат. Не знаев што ниту со мајка ми, иту со таткоп ми, ниту со помалото братче. Тетин имав на гости. После 40 часа излеговме, ни помогнаа. Не знаеме како се спасивме.“ За Алфа ТВ вели Ристо Делев, кој го преживеал трагичниот ден.
Тој вели дека се обидел да копа, за да излезе, но наместо тоа, само ги повредил прстите. Останало да чека на спасувачите.
По поминати безмалку два дена под унратините во целосен мрак, Ристо Делев дознал дека на кобниот ден, загубил 5 членови на свото најблиско семејство.
- „Кога излеговме, дознавме дека родителите ни се починати. Татко ми Миле Делев, мајка ми, Милица Делева, баба ми, Ружа Делева и тетин ми од Гевгелија, на гости ни беше. Дали паднавме во подрумот, во ќумур, од спалната каде што бевме со браќата… Плочата кај мајка ми и татко ми не попуштила, тие беа згмечени.“ – Раскажува Делев.
Земјотресот кој уништил 80 проценти од градот, бил повод за Скопје да стане град на солидарноста и со помошта од целиот свет, да издигне во метропола. По повеќе од 6 децении, граѓаните и претсавници на државниот врв, да денешен ден положуваат свежо цвеќе на градски гробишта, а низ градот со оддржуваат и низа други активност со цел, овој кобен ден никогаш да не се заморави.
Никола Цветкоски