Скопје – полупразно, но убаво

Градот убав – полупразен. Вообичаениот метеж низ најфрекфентните скопски улици денеска го нема. Нема гужва ниту во познатите кафулиња во центарот на метрополата. Ова е ретка слика на празно Скопје која се должи на неработните денови.

Скопјани ги споија празниците. Дел од нив заминаа на море кај јужниот сосед, други Велигден го дочекаа во Охрид или пак, во некое македонско селце. Ама, има мал број што останаа дома. Оние што немале финансиска можност за патување, или пак не успеале да земат слободен ден од работа, помеѓу празниците.

Поради празниот град и таксистите деновиве останаа без заработка. Велат, за џабе излегувале и кружеле низ пустите улици.

Туристичките агенции ги продале аранжманите недели пред празниците. Велат, имале евтини понуди, а заинтересираноста за патување е огромна, па се барало место повеќе.

Граѓаните што не заминаа никаде за продолжениот Велигденски викенд и првомајските празници, барем уживаа во мирно и тивко Скопје.

Сања Трајковска Ставров