Скопје од денеска до петок е домаќин на самиот на ОБСЕ

Скопје од денеска до петок е домаќин на самиот на ОБСЕ

Од денеска до петок во македонската метропола ќе се одржува 30-от министерски самит на ОБСЕ, на кој ќе присуствуваат голем број делегации и над 1000 учесници, што претставува еден од најголемите настани што некогаш е организиран во земјава.

Денеска Министрите и членовите на нивните делации ќе имаат неформална вечера, на која е најавено присуството на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Ќе присуствува и шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел кој претходно рече дека не би сакал на советот на ОБСЕ седиштето на ЕУ да остане празно. Се уште не се знае дали на нефорамлната вечера ќе присуствува и првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров, чие присуство е потврдено на официјалниот дел. Неформалната вечера ќе се одржи во хотелот Александар Палас.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека подготовките за овој настан траеле цела година, а во нив покрај МВР се вклучени и голем број други служби.

Една од главните точки на советот на министри на ОБСЕ ќе биде и изборот на следен претседавач за идната година.

На подготвителниот состанок и постојаниот совет на амбасадори 57 земји постигнаа согласност даја поддржат кандидатурата на Малта како иден претседавач.

Освен за иднината на ОБСЕ во Скопје претставници на 76 држави ќе разговараат и за актуелните конфликти во светот, а една од темите за кои ќе се организира и одделен настан во рамки на Министерскиот совет, е одговорноста за злосторствата во Украина и ослободување на заробениците.

Состанокот во Скопје кој ќе стартува денеска според најавите се очекува да го следат повеќе од 200 акредитирани новинари и сниматели. Како најголеми делегации се очекува да бидат руската, американската, но и на други поголеми европски држави. Од она што се знае, руската делегација би броела околу 80 луѓе, меѓу кои и 20-на руски новинари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста