Скопје меѓу најевтините градови во светот, најскап и годинава Хонг Конг

Скопје, се најде на 201-то место во светот, на листата на „Мерсер“,за 2019-та година, направена според трошоците за живот.Главниот град на земјава, падна, од 197-та позиција, на која беше лани, и е во десетте најевтини градови во светот.. и во регионот, Скопје има најниски трошоци за живот, поскапи од него, се Сараево (194), Белград (181),Софија (177),Тирана (166),Загреб (143), Љубљана (142), Атина (128).

Осум од првите десет од најскапите градови во светот се азиски градови. Прв на листата втора година по ред е Хонг Конг, зад кој се најдоа и Токио (2), Сингапур (3) и Сеул (4).

Во првите десет се најде и најскапиот град во Европа Цирих (5), како и Шангај (6), Ашгабат (7), Пекинг (8), Њујорк (9) и Шенџен (10).