Скопје го стресе земјотрес

Попладнево во Скопје беше регистриран земјотрес. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје, денес во 16 часот и 04 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 190 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија.