Скопје денеска на четврто место на листата на најзагадени градови во светот
Скопје денот го почна со индекс на загадување 168 што на платформата „ај-кју-ер“ го стави на четврто место на листата на најзагадени градови во светот. Највисока загаденост изутрината беше регистрирана во Лисиче, Кисела вода и во Карпош 2.
Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“. Според упатството за квалитетот на воздухот на СЗО, концентрацијата на пм 2,5 во главниот град во моментов е 15,9 пати поголема од годишната вредност.
Како главен наведен загадувач се пм 2,5 честичките, чија концентрација е 79,5 микрограми на кубен метар, додека пм 10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми на кубен метар.