Скопје 5- ти најзагаден град во светот

Македонија и утрово се гуши. Скопје повторно високо рангиран на Еар Вижуал- 5-ти најзагаден град во светот… Итните мерки никако да се применат, граѓаните гневни.

Алармираат и стручните лица.. Tие велат дека аерозагадувањето влијае на намалување на имунитетот, особено на потешко болните.

„Генерално загадувањето на воздухот предизвикува потешкотии на општиот имунитет на секој човек, а намалувањето на имунитетот
ја зголемува шансата за стекнување не само на грип туку и на било кое респираторно заболување “, изјави Гордана Кузмановска – епидемиолог ИЈЗ.

На социјалните мрежи се шират фотографии од кои се гледа како се издигаат црни облаци над Скопје сред бел ден, и тоа над Кале и Чаир. Граѓаните се загрижени дека станува збор за еколошка катастрофа и прашуваат „Зошто никој од надлежните не презема ништо“?

Освен во главниот град, мерните станици црвено светеа и во Струмица, Тетово и Кичево.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста