Скопјанка заврши во болница, пукнала плинска боца приклучена со греалка во нејзиниот дом
Скопјанката Х.С.(45) вчера попладне пријавила дека околу 16.40 часот во нејзиниот дом во населбата Гоце Делчев пукнала плинска боца која била приклучена со греалка.
Таа се здобила со изгореници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.