Скопјани се разбудија во паника, силниот земјотрес ја „стресе“ и Македонија

Утринава силен земјотрес ги остави без сон скопјани, тие го опишаа како застрашувачки и велат дека тресењето ги потсетило на катастрофата од 1963-та. Сепак, не стравуваат од повторување на уште еден таков.

Земјотресот кој ги исплаши скопјани беше со јачина од 6,4 и 5,3 степени според рихтеровата скала со епицентаро во градот Драч во Албанија на длабочина од 10 километри.

Речиси истовремено се тресеше и тлото во Црна Гора и Грција.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста