Скопјани празнично измрзнаа – надлежните несериозни, граѓаните револтирани

Делови од Скопје среде земима веќе една недела се без парно греење. Жителите од Бутел, Чаир и Топанско Поле, се жалат дека се мрзнат поради, како што велат, дефект на Топлана „Север“ која чекала општински пари. Па така нешто повеќе од 500 домаќинства од овие населни места приморани се да се топлат на греалки кога струјата поскапе за 10%. Алфа направи обиколка во овие населби. Граѓаните се револтирани, зашто според нив, не било во ред во ек на студени денови со денови да немаат греење, иако цела година плаќале сметки.

Граѓаните на Чаир и Бутел, со денови немаат парно греење. Револтирани се зашто никој не им го решава проблемот, во овие студени зимски денови. Велат плаќаат цела година, за сега да мрзнат.

  • Немаме парно недела дена. На што личи ова. Пријавуваме, и ни викаат дека проблемот ќе го решат од понеделник. А до тогаш што? За што редовно плаќаме. Катастрофа е ова што ни го прават кога се живо поскапува, велат за Алфа жителите на овие скопски општини.

Дека има проблем со испораката на топлинска енергија потврдија и од Топлификација „Скопје Север“. Се надеваат дека од понеделник, Општина Чаир ќе го подмири долгот, за да може да се купи гас и да се приклучи греењето. Признаваат дека тоа само ќе го ршеи проблемот неколку дена. Затоа побараа помош од државата, да ги помогне со одредена сума за да работат без проблеми во иднина. Поради високата цена на гасот се соочуваат со сериозни финансиски проблеми. 

Ова не е прв пат граѓаните приклучени на оваа топлана да се соочуваат со проблеми. Затоа, од „РКЕ“ неколку пати апелираа да се најде начин, снабдувачите „Скопје Север“ и „ЕСМ Енергетика“ да соработуваат за да се зголеми бројот на потрошувачи.

Паралелно, со слабо греење се соочиле и жители на Аеродорм, Центар и Карпош. Од „БЕГ“ (компанијата што ги топли овие населби) велат дека “во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени. Ако објектите се соочуваат со локален проблем, велат, граѓаните да пријават во центарот за грижа на потрошувачи.

Инаку, најмногу приклучени потрошувачи на централното парно има токму БЕГ, а најмалку Топланата „Скопје Север“.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста