Скопјани почнаа да се прилагодуваат кон препораките

Скопјани ги надвладеа стравот или им проработе свеста? Полупразни и празни автобуси, празни улици сообраќајот на минимум, а оној мал број на граѓани кои беа надвор целосно заштитени со медицински маски и ракавици.

Имаше и такви кои побараа од властите да се прогласи вонредна или кризна состојба.

Нашата обиколка на градот покажа дека најголемиот метеж останува – во маркетите и аптеките. Едни стрпливо чекаа да дојдат на ред, други нервозни не ја почитуваа препораката за растојание меѓу купувачите.

И угостителите ги почитуваат мерките ставен е клучот на сите кафулиња и ресторани, барем оние што ние ги снимивме.
Инаку, покрај мерките за забрана за јавни собири, затварање на сите кафани, кафулиња, обложувалници , казина и молови. Владата ги затвори сите гранични премини освен за транспортни возила кои ќе можат да влезат по однапред договорени протоколи. Се затвора и аеродромот во Скопје од утре вечер.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста