Скопјанец бил пронајден мртов во својот стан

На 22.08.2020 околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје бил пронајден починат В.Ч.(51). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста