СКЕНДЕРОВСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ПРЕД СТАРТОТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА ФУТСАЛ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Селекторот на македонската футсал селекција, Васко Скендеровски гообјави списокот пред првите квалификациски мечеви за место на Евро 2022. За стартот на новиот циклус кавлификации Скендеровски  одбра 19 играчи, меѓу нив двајца дебитанти, Марјан Костадинов и Јосиф Јованов. Репрезентацијата е во фаза на подмладување, што значи дека патот до континенталниот собир нема да биде воопшто лесен. Селекторот како најголем хендикеп го истакна  фактот дека актеулениот е всушност прв собир на футсал националниот тим по пауза од една година и тоа што мечевите се играат за време на паузата во домашниот шампионат кога голем дел од играчите не се во најдобра форма. Македонија првите два дуели за место на ЕП во футсал ги игра против Босна и Херцеговина на гости на 28.јануари и дома на 3.февруари против Романија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста