Празници се ближат, ама има ли и штимунг за добро расположение – ценовниот шок ги вознемирува граѓаните

Трошоците растат, сметките стануваат стануваат се повисоки, а на граѓаните во ек на криза не им е дојдено до новогодишни подготовски. Се пожалија дека трошоците за живот пораснале за неколку пати, што значи дека денес платата ни вреди помалку за разлика од лани. Велат и дека повисоките сметки на скоро се не им дозволуваат ни малку да се опуштат во пресрет на празниците. Натрупаните долгови им тежат на глава на граѓаните.

Сѐ што сакам за Нова година е повисока плата, зашто живеачката стана и неколку пати повисока за разлика од лани, велат граѓаните пред нашата камера. И уличните продавачи се разочарани од скапотијата. Велат дека ваква, лоша година, не паметат до сега.

Екипата на Алфа направи обиколка околу главниот град, празнична атмосфера речиси и да нема, освен новогодишната елка. Сончевото време, ги натера граѓаните да излезат од дома.

Капак на се е и најавата за поскапување на струјата по Нова година. Но дали сметките ќе се покачат за 10% како што велат од Владата, или сепак над 30% се уште е неизвесно. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски рече дека како зголемени трошоци на системот, пред се заради набавка на струја од надвор, сумата изнесува околу 220 до 230 милиони евра.

РКЕ треба да добие цена која што ќе ги покрие трошоците на компаниите, а понатаму ќе анализира за воведување на скалесто тарифирање, но пред се да се почека вели Бислимоски да се види како ќе се одвиваат цените на електричната енергија на слободниот пазар.

  • Не сакам да шпекулирам и да кажувам предвидувања за понатаму како ќе се движи цената на електричната енегрија, затоа што реално никој не знае. Она што е логично и може да се очекува во регионот вообичаено во април доаѓа период на големи води и тогаш се зголемува производството на хидроцентралите во целиот регион. Ќе имаме зголемено производство, потрошувачката ќе се намали бидејќи завршува грејната сезона, во тој случај ќе имаме поголема понуда, помала побарувачка и тоа ќе има намалување на цената на електричната енергија, вели Бислимоски.

Одлуката за колку точно ќе поскапи струјата ќе ја донесе Регулаторната Комисија за енергетика до крајот на месецов. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста