Скандалозно видео: Ученик од Скопје сексуално навредува професорка- двајца избркани од Владо Тасевски

Мора да имаш камера, мора да ми го **** ти да ти ***** тоа ***** *****

Овие скандалозни сексуални навреди упатени од ученик кон професорка, доведоа до бркање од училиште на две млади момчиња. Најверојатно не знаејќи дека е звучно вклучен на онлајн часот, во скопското средно училиште Владо Тасевски, овој ученик упати жестоки, срамни и скандалозни зборови кон својата професорка, а се замолче кога дозна дека се слушнала таа. Видеото за кое вријат социјалните мрежи, е објавено на апликацијата ТикТок. 

-Мора да имаш камера, мора да ми го **** ти да ти ***** тоа ***** *****…. Свесен си дека те слушнав? Свесен си дека те слушнав? Дали си свесен дека те слушнав? Ова ќе биде пренесено на класнат, е скандалозниот разговор од 26 секунди меѓу ученикот и професорката.

По ова видео реагираа од средното Владо Тасевски. Покрај навредувачот, од училиштето е избркан и ученикот кој недозволено го снимал часот.

-Чувствуваме должност да ја известиме јавноста по однос на случајот со недолично однесување на ученикот кој вербално нападна наставник во нашето училиште и ученикот кој неовластено го снимил и го дистрибуирал видеото од срамното однесување на ученикот. Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици, информираат од СУГС Владо Тасевски.

Од Владо Тасевски велат дека тие се училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот на онлајн настава и секоја повреда ќе била санкционирана.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста