Скандалозно дивење на “шверцери” на гала свеченост во МНТ (ВИДЕО)

Остри реакции и осуда во јавноста, молк на надлежните.  Ќе одговори ли некој како се случи и кој дозволи навивачката група Шверцери на Шкупи да дивеат во салата на Македонскиот народен театар, каде наместо промоција на културата и уметноста на сцената стапи дивјаштво и хулиганизам.

Скандалозниот настан се случи во петокот вечерта за време на прославата на 30 годишниот јубилеј на навивачката група од Чаир и тоа на место не само што е необично за прослава на навивачка група, туку и нема никаква врска со навивањето. Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.

Видеото од настанот осамна синоќа во јавноста, која е згрозена и шокирана. Еве како изгледаше прославата..

https://www.facebook.com/igor.durlovski/videos/3021922984492925/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста