Скандалите ќе почекаат за одговор: Заев имаше време за селфи, но не и за новинарски прашања

Премиерот Заев имаше време да направи неколку селфи фотографии, но немаше да одговори на новинарските прашања, околу голем број теми кои периодов будат интерес. Клучната која ги натера граѓаните масовно да заминат во Србија се вакцините, но Заев реши да одмолчи, за големиот срам кој денеска се случуваше по границите и во градовите низ Србија. Премиерот  денеска беше на два настана, првиот посветен на годишнината од членството во НАТО, а вториот во Идризово на промоција на новите полицајци. Зборуваше од говорница а дури и се сликаше.

Тоа што медиумите чекаа одговори за скандалите и бараа изјави од присутните, Заев очигледно не го потресе. Иако новинарите побараа тој и Спасовски да дадат изјава, сепак решија да заминат без коментар. Алфа дури испрати и порака лично до премиерот дали по крајот на настанот во Идризово, ќе даде изјава за медиумите, меѓутоа одговорот беше не, со благодарност за разбирањето.

-Се извинувам дури сега ја гледам пораката. Денеска нема да давам изјава. Благодарам на разбирањето, ни врати Заев преку СМС порака.

Ваквиот настап на премиерот е невообичаен за неговата работа. Досега Заев редовно беше расположен за одговор на новинарски прашања. Дури и во периоди кога се случувале сериозни скандали. Сепак на денот кога македомнските граѓани масовно нагрнаа во Србија барајќи спас во српските вакцини, премиерот реши да одмолчи.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста