Скандал во Струга – полицајци и инспектори спречени да влезат во угостителски објект

Скандал во Струга-во рамки на редовните котроли,пазарната инспекција и полицијата биле спречени да влезат во угостилските објект лоцоран во центарот на градот.Се работи за кафе барот “Лоби” –вели за Алфа,директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој кажа дека обезбедувањето на локалот не им дозволило на инспекторите да влезат внатре, поради што тие биле принудени контролите да ги споровеат само на терасата од објектот.Според тврдењата на Пауновски, надвор од локалот останале и полицајците, спречени во обид да ги легитимираат присутните.

Од СВР Охрид пак ,негираат дека воопшти биле стречени да влезат во објектот за кој во јавоста се шпекулира дека е во сопственост на струшки функцуонер од ДУИ.Дури тврдат не само што не биле полицајците спречени во извршување на службена задача, туку и дека таков настан не постоел.
И покрај различните тврдења, извесно е дека сепак спорниот угостителнски објект ќе биде санкциониран.Како што информира приот човек на државниот инспекторатот,во текот на денов ќе биде поднесена кривична пријава за непочитивање на протоколите во угостителскиот објект “ Лоби”.
Во координирана акција на инспекторите,до сега покрај кривичната пријава за локалот на струшкиот функционер, кривични пријави се поднесени против сопственици на два угоситителски објекти во Градиште и еден во градот.

  • Има повеќе видови прекршувања затоа велам се процесуираат, се разгледуваат записниците, се прави детална анализа за да се квалификува сторениот прекршок дали ќе биде прекршок или кривични дело.Во овој случај, во услови кога е прогласена пандемија кривичните пријави се однесуваат по членот 206 од КЗ за загрозување на здравјето на населението – вели Цветко Ристески-раководител на пазарен инспекторат Охрид.

Јавноста реагира, бидејќи за време на министерувањето на Чулев, власта постојано бараше оставка бидејќи не реагирал и доволувал во време на паднемија да се случуваат инциенти.Сега кога министерството за внатрешни работи го држи кадар на ДУИ, каде се Заев и Спасоски да побараат оставка затоа што се загрозува здравјето на граѓаните,кога сред пандемија не се почитуваат мерките за заштита-пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста