Скандал по скандал во општините – промената на локалната власт открива сериозни злоупотреби

Поранешни градоначалници од редовите на СДСМ, набавувале материјали за потребите на општините по цени 20 пати повисоки од реалните а Обвинителството се уште не отворило предмет по допрен глас откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави скандалите на администрацијата на СДСМ. Претседателот на опозициската партија ги повика институциите да си ја вршат својата работа со цел сите кои работеле несоодветно да понесат одговорност.

Од Обвинителството се правдаат дека прес конференции не биле облик на пријавување на кривично дело.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  ги следи информациите  во врска со неправилностите во работењето и наводно сторени кривични . Секој што има докази или смета дека е сторено кривично дело, треба да поднесе кривична пријава, по што обвинителството ќе постапи во рамките на своите надлежности – информираа од Јавно Обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ уште вчера започна со објавување, на, како што велат, низа злоупотреби кои ги правеле раководствата на општините кои биле под контрола на СДСМ. Еден од криминалите е и случајот во општина Бутел, каде градоначалникот со тендерот за осветлување го оштетил буџетот за над 12 милиони денари. Нереални суми се излевале од буџетот на повеќе општини за набавака на градежни материјали, сијалици, железни столбови.

Народот се пљачкал брутално. За која иднина зборуваме? За криминалци кои четири години ја пустошеа низ Македонија? Е затоа немаме плати за работниците и за администрацијата, затоа што наместо да ги даде платите администрацијата, градоначалникот на Гази Баба кабел 4Х 35 го купува за 60 денари. Двојно помал кабел, 4Х 16 го купува за 490 денари. А знаете зошто? Затоа што овој 4Х 35 никогаш нема да купат.
Сакате да ви дадам друг пример? Еве на пример железен двостепен столб од 4,5 метри 9120 денари, ама тој истиот што е 8 метри висок е 360 денари, значи овој двојно повисокиот е дваесет-триесет пати поевтин.
Вака се крадела Македонија и вака сѐ уште во РЕК Битола, со мазутот во Неготино затоа што се дели, затоа што делат. Тоа е проблемот, пари има само треба да престанат да крадат
– рече Мицкоски.

Од партијата се понудија да ги дадат сите документи и докази на Обвинителството со цел да се разрешат овие случаи за скандалите во повеќе скопски општини.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста