Скандал по скандал со корона журки – надлежните спијат

Гласна музика, гости без маски и дистанца – ваква беше синоќа сликата во скопско кафуле во Трговскиот центар Бисер. Владата воведе нови мерки – но за кого – како, некои угостителски објекти си тераат по старо. Потенцијален корона кластер во кафуле преполно со млади лица, забава со диџеј – но инспекторите како да го заборавиле овој дел од градот.

Граѓаните кои живеат во близина на Т.Ц Бисер револтирани – велат оти надлежните треба да преземат поригорозни мерки, и да ги казнуваат оние што организираат забави.

Сопственикот на кафулето, наместо да се чувствува виновен дека организира забави – побара од нас да ги избришеме снимките. Оние кои пријавија до нашата редакција дека има организирана забава, тврдат дека гостите биле замолени од менаџерот да не објавуваат слики на социјалните мрежи – веројатно од страв од инспекторите, но во околината, не забележавме ниту полиција ниту инспекција. Наместо службени лица, локалот го чуваа неколку таканаречени стражари кои не дозволуваа да се снима или слика синоќешната атмосфера.

Денеска од Пазарниот инспекторат побаравме одговор дали и кога ќе се заострат контролите и зошто и покрај забраната, кафулињата организираат забави со гласна музика иако е забрането? По јавниот аларм, била поднесена кривична пријава за управителот на локалот до Основното јавно обвинителство. Од ДПИ велат дека согласно новите законски измени, сега и овој инспекторат ќе има овластување да изрече привремена забрана за работа од 10 до 30 дена на угостителскиот  објект доколку таму не се почитуваат мерките.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста