Скандал ИФИМЕС: Алфа го доби Беќировиќ, советникот на Заев кој убедува дека Рекет е заговор

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии, ИФИМЕС, новиот советник на премиерот, познат по благонаклонетоста кон Заев и СДСМ уште додека беа во опозиција, повторно со оценка во која предупредува дека земјава сега е цел на меѓународни напади за блокирање на Евроинтегративниот процес.

„ Нападите врз Северна Македонија, односно обидите за дискредитирање на власта и институциите на државата ќе продолжат. Искуствата покажуваат, дека нешто слично се случуваше и во Црна Гора, се до моментот на нејзино полноправно членство во НАТО. Меѓународната разузнавачка операција „Рекет“ долго е подготвувана и вешто осмислена надвор од Северна Македонија. Внимателно се избрани/договорени актери за одредени улоги“.

Алфа се обрати директно во Љубљана. Го добивме еден од првите луѓе на ИФИМЕС, Зијад Беќировиќ, кој е и автор на оваа анализа и воедно посебен советник на премиерот Заев.

„Добар ден, професоре. Еве Ви ги прашањата по мејл, како што се договоривме:“

1. Врз основа на што го темелите тврдењето дека на Македонија и’ се случува напад со цел запирање на нејзиниот Евроатлански пат?
2. Дали можете да наведете конкретни имиња на Македонски политичари поврзани со тој напад?
3. Врз основа на какви докази тврдите дека аферата „Рекет“ е меѓународна разузнавачка операција и кој, според вас, стои на чело на таа операција?
4. Колку пари добива ИФИМЕС од македонската Влада за да ја советувате?

Беќировиќ не сакаше да даде одговор телефонски. Не’ упати писмено да му ги поставиме прашањата…

-Може ли да ви поставам неколку прашања?
-Одам на ручек со ценет професор, па малку ми е незгодно…
-А, дали може…
-По мејл. Пуштете ми ги прашањата по мејл, ќе ви одговорам, не е проблем.

До овие вие вести нема одговор на прашањата испратени електронски, како што тој побара.

На прославата на Денот на независноста, Алфа бараше од премиерот Заев да одговори на овие прашања, но тој избегна, прво затоа што, според неговиот ПР тим, не биле предвидени изјави, а потоа и директно избега од камерите.
Инаку, како што објави Алфа, ИФИМЕС и’ е познат на јавноста по отворените лобирања преку анкети, трибини и други начини за Заев и за СДСМ и пред да дојдат на власт и потоа. Во предреферендумскиот период, ИФИМЕС објави анкета дека околу 64 проценти Македонци ќе излезат да гласаат, што потоа не се случи. Заев, но и шефот на државата, Пендаровски беа учесници на конференциите на Институтот, одржани изминатите месеци во Словенија.

Самиот автор на текстовите, Зијад Беќировиќ е обвинет од Словенечките медиуми дека заедно со градоначалникот на Копер, испумпувале пари од буџетот на градот за студии – плагијати, кои потоа ги делеле.

Останува нејасно колку народни пари Владата им има исплатено посебно на ИФИМЕС и на Беќировиќ за нивните совети.

Андреа Василевски