Скандал: Eврокомесарот Jан Фигел не доби веднаш дозвола да го посети Камчев во затвор, по притисокот од Брисел сепак влезе

Поранешниот Еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел денеска наместо да го посети бизнисменот Јордан Камчев во затворот во Шутка, остана пред вратите Казнено поправниот дом. Сето ова се случува на денот кога во Скопје пристигнува еврокомесарот за проширување, а Европската комисија порачува дека основните човекови права на притворените мора да се почитуваат за влез во ЕУ.

Отако бил направен притисопк во Владата и премиерот, од Брисел, екс Еврокомесарот сепак влезе во затворот да го посети КамчевЈан Фигел, побарал дозвола до Кривичниот Суд да го посети Камчев во притвор, оти претходно бил запознаен со случајот – кој според него отвора многу прашања за владеење на правото и правдата во Македонија.

Фигел сакал да ги види лично условите во ќелии каде што според многу обвинувања се држат и политички затвореници.

  • Важно е дека оваа земја е заинтересирана да стане повеќе европска, не според географија, не според политика, тука според своето право, правда, култура. И сакаме да помогнеме. Пристигнав тука од Братислава, и убеден сум дека оваа земја има потенцијал да стане партнер и членка на едно европско семејство. Од роднините на Јордан Камчев запознаен сум со овој посебен случај, кој отвора премногу прашања за владеење на правото и правдата во оваа земја. Побарав дозвола од Кривичниот суд да го посетам, тука во притвор, и директно да зборувам со човекот кој од март годинава се држи во пред-истражен притвор што наметнува премногу прашања и сомневања за правосудниот систем во земјата. За жал, не ми беше дозволено да влезам во Институцијата и да зборувам со Јордан Камчев, вели за Алфа екс Еврокомесарот и специјален пратеник за човекови права, Јенс Фигел.

Зошто беше спречен првично информација нема ниту адвокатот на Камчев, Менкиноски.

  • Преземени се многу чекори со цел тој да добие домашен притвор, што е вообичаен и современ начин на третман кон луѓето, со осуда или обвинение. Тој е само обвинет. Ги поставувам овие прашања не само поради моето искуство со европските прашања, туку и како европски сограѓанин – зошто и до кога? Зошто постои пинг-понг меѓу Институциите, ако сакам директно да зборувам со човекот и конечно, да ги видам условите под кои се реализира пред-истражниот притвор тука во Скопје, Македонија? Се надевам дека компетентните лица ќе ја слушнат оваа порака и барање, и ќе дејствуваат не само во смисла на бирократски постапки, туку во смисла на хуманост и правда за сите, додава Фигел.

Одбивањето на неговото барање директно да се сретне со Камчев, како и да ги види условите под кои се реализира предистражниот притвор, отвораат сомневање не само за правосудниот систем туку и сомневање дека постои друга политичка причина поради забранетата посетата и средбата со Камчев.

Според Фигел постојат незаконски докази во случајот на што укажа и Народниот правобранител во последниот извештај во врска со нехуман третман и тортура врз Камчев уште во почетокот на неговиот сега веќе седуммесечен притвор.

Инаку, Фигел, уште изутрината за случајот го известил и неговиот пријател и колега, Верхеј е во службена посета на Македонија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста