СЈО официјално згасна- како изгледаше големиот подем и уште поголемиот пад на Катица Јанева и СЈО?!

Вака неславно заврши бајката наречена СЈО. Специјалното јавно обвинителство официјално стана историја. Надежта за правда кај владејачката СДСМ, заврши неславно. Катица Јанева која пред четири години, за многумина беше херој, сега заврши со седумгодишна казна затвор, поради злоупотреба на својата позиција токму во СЈО.

А како почна ова Обвинителство? Како резултат на политички договор меѓу тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. Актуелната власт во 2016 година СЈО го користеше во кампањата за предвремените парламентарни избори. Голем број поддржувачи на СДСМ, секој ден беа на улиците во 18 часот, во знак за поддршка за Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Од ден во ден митот за т.н. Чарлиеви ангели стануваше се поголем и поголем. Сите порти за нив беа секаде отворени, без разлика дели е во или надвор од работно време. Главни станаа и во судот, секојдневно имаше по неколку рочишта за нивни предмети. Презумцијата на невиност за обвинителите од СЈО не важеше, имиња на осомничените беа откривани уште во предистрага, и тоа и на повеќе од сочни и театрални прес конференции.

-Нека лежи ѓубрето, ајде сега нека лае против шефот, пи*ка ти материна, ти дојде моментот, велеше Фетаи на прес конференциите.

Јанева и нејзиното СЈО беа над сите закони, имаа голема поддршката од меѓународниот фактор, власта на СДСМ, неваладини организации. Ваквата ситуација и даде моќ на Катица Јанева, која се чувствуваше недопирлива.

-Не може да ме сменат, како мислите да ме сменат, изјави Јанева пред повеќе од една година.

Митот за „Чарлиевите ангели“ од зградата на Рузвелтова, повеќе не беше како на старт, граѓаните почнаа да ја губат довербата, а клиничката смрт на СЈО дојде на 21 август кога беше уапсена Катица Јанева.

Во текот на судскиот процес за „Рекет“ за што Јанева доби 7 години затвор, беа откриени многу пикантерии за работата на СЈО. А една од нив и дека ова Обвинителство било користено за уценување на пратеници да гласаат за уставните измени со кои се промени името на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ уште на стартот предупредуваше дека целта на оваа институција, прогон на политичките неистомисленици на СДСМ.

На денот кога СЈО и официјално замина во историјата, од трите, се огласија двете кои се на слобода. Ленче Ристовска вели горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови. Последниот работен ден го опиша како горчливо- сладок. Фатиме Фетаи пак вели дека со стапувањето на сила на новиот закон, ниту борбата за правда застанува ниту животот застанува.

Со згаснувањето на СЈО, од денеска на сила стапува новиот закон за Јавно обвинителство, со кој е предвидено Основното јавно обвинителство да ги преземе и продолжи постапките од Обвинителството на Јанева, која наместо херој на крајот заврши на столбот на срамот.

Матеја Петровски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста