Сити Мол утре ќе изврши противпожарна вежба

Согласно одредбите од Законот за заштита и спасување трговскиот центар Скопје Сити Мол, управуван од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје, на ден 20.10.2020 година ден вторник , со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

-Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации. Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАР и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации, информираат од трговскиот центар.

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.
Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.
За време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста