Сите ракометари на Вардар се негативни на коронавирус

Сите ракометари на Вардар се негативни на коронавирусот и денеска ги започнаа подготовките за новата сезона. Ова е нешто порано од вообичаеното, но црвено црните имаат нов состав кој треба да се воигрува, да се пронаоѓа, да се гради. Првите тренинзи преку викендот се на отворено заради немањето дозвола за протоколот за работа во затворено, но се би требало да се реши до понеделник кога Вардарци веројатно ќе започнат со работа во својот дом Јане Сандански. Ќе има и висински подготовки, ќе има и контроли, но многу работи во моментов не се дефинирани заради актуелната ситуација со корона вирусот. Тоа што е најсигурно е дека на 16 или 17 септември Вардар ќе гостува кај Мешков Брест во првото коло од А групата во Лигата на шампионите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста