СИТЕ МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНАТИ СЕ ВО ТОКИО ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПЕТОЧНОТО ОТВОРАЊЕ НА ИГРИТЕ

Сите наши репрезенти за Летните Олимписки игри во Токио пристигнаа на одредиштето кое е главно за нив ова лето, но и повеќе, веројатно во нивните спортски кариери. По петочното отворање на игрите на кое Македонија во дефилето на земјите учеснички ќе се појави како 52, а на кое теквондистот Дејан Георигиевски и џудистката Арбреша Реџепи ќе бидат носители, веднаш в сабота започнуваа натпреварувањата. Ние први на олимписките борилишта ќе ги имаме пливачот Филип Дерковски кој во првиот ден ид викендот ќе настапи во квалификациите на 400 метри слободно и Борјан Бранковски кој ќе стрелаштвото ќе се обиде во дусциплината пиштол 10 метри. В недела настапува Арбреша Реџепи во џудо во категоријата до 52 килограми, во вторник на потег е теквондистот Дејан Георгиевски во категоријата над 80 килограми, а во среда својата трка на 100 метри слободно ќе ја има пливачката Миа Еминова Блажевска. Потоа ќе имаме мала пауза во настапите зошто атлетичарот Јован Стојоски е на ред на 1 август кога ќе трла на 400 метри, на петти ја имаме Пуликсенија Јовановска во каратето, во ката, а се завршува со можеби и најголемиот адут борачот Могамедџади Нуров на 6 август за кога е закажан натпреварот во неговата категорија до 97 килограми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста