Систина: Не се точни тврдењата дека болницата лобирала доктори од јавните установи да преминат во приватното здравство

Постојаното вложување во нова современа опрема, едукации на вработените и висококвалитетни услови за работа е тоа што ги мотивира докторите, не само од јавното здравство, туку и од другите приватни болници својата кариера да ја продолжат во клиничката болница Аџибадем Систина, велат од оваа болница. Процесот на премин од една во друга здравствена установа е природна флуктуација на кадар, вели доктор Андреј Петров во интервју за Алфа ТВ. Додава оти не биле точни тврдењата на некои медиуми дека болницата земала доктори од јавните здравствени установи, оти само оваа година дури четворица доктори од Систина заминале да работат во други медицински центри.

Во болницата Аџибадем Систина од неодамна функционира и оддел за инфективни болести каде се третираат најтешко болните пациенти со Ковид 19, кои се лекуваат со помош на новата ЕКМО метода.

Интервјуто со доктор Петров го водеше Биљана Божиновска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста