Сиромаштијата во Македонија во 2017 година – 22.2%

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) стапката на сиромаштија во 2017-та достигнала 22.2% и за една година се зголемила за 0.3 процентни поени.

Минатата година 460 илјади Македонци живееле под прагот на сиромаштија кој за самечко домаќинство изнесува 7.510, а за четиричлено домаќинство 15.771 денари месечен приход.

Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите односно децата до 17 години, изнесувала 29.9%; а најниска кај највозрасните односно постарите од 65 години, изнесувала 16.1%. 38.7% од невработените, 9.0% од вработените и 7.7% од пензионерите живеат во сиромаштија.

Сиромаштијата во последните три години има тенденција на раст – стапката во 2016-та била 21.9%, а во 2015-та 21.5%.
Претходно стапката на сиромаштија неколку години по ред се намалуваше – во 2014-та била 22.1%, а во 2013-та 24.2%.