Синсинти драстично го намали наградниот фонд годинава

Мастерсот во Синсинти ќе биде првиот голем турнир кој ќе се одржи по прекинот на тениската сеозна поради Ковид 19. Годинава наместо во Охајо тој ќе се игра во Њујорк каде неколку дена по неговото завшрување планиран е стартот на УС Опен. Она што е впечатливо е дека Синистанти годинава значително го намали награднито фонд, и тоа за цели 1,8 милиони долари.

Тоа е речиси 75% помалку во однос на лани, а се должи на осакатениот буџет поради неможноста да се заработи од продажба на билети бидејќи дуелите ќе се играат пред празни трибини, како и поради откажување на дел од спонзорите поради финасиската ковид криза ширум светот. Годинава награднито фонд во Синсинати изнесува вкупно 4.2 милиони долари, но интересно е тоа што намалувањето сепка нема да влијае врз заработката на послабо рангираните тенисери бидејќи намалена е висината на паричниот надомест за натпрверувачите кои ќе стигнат до самата завршница. Лани освојувачот на пехарот заработи 1,11милиони долари, а годинава за него се предвидени 285 000 долари. Останува да се види дали ова ќе влијае врз учество на првите ѕвезди на светскиот тенис. Засега потврден е настапот на ланскиот шампион Данил Медведес, како и Доминик Тим и Стефанос Циципас кои им припаѓаат на најдобрите 10 рангирани во мометов на АТП листата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста