Синоќа свечено беше одбележана 30-годишнината од билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија

Синоќа свечено беше одбележана 30-годишнината од билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија

Македонија и Јапонија ќе разменуваат уметници и заедно ќе организираат фестивали и работлници од областа на културата. Двете држави потпишаа меморандум за соработка, по повод 30 годишнината од билатералните односи меѓу државите.

„Па меморандумот е по општ во својата природа, и опфаќа повеќе области, меѓу кои размена на уметнци, размена на знаења, исто така опфаќа дел од дигитализацијата на нашето културно наследство, заштита на културното наследство, соработка во делот на фестивали, работилници итн. Така да еден сеопфатен документ кои што работевме од прилика околу една година, да го усогласиме текстот, за да можеме нели, да направиме една рамка во кои што би можеле во иднина да проектираме многу проекти, кои би донеле културна, плодна соработка меѓу двете земји„ вели советникот на јапонскиот министер за култура, Андријана Цветковиќ.

Синоќа се одржа концерт во Македонскиот народен театар, на кој присуствуваа Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова како и повеќе министри. На настанот присуствуваа и комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура како и амбасадорот на Јапонија во Македонија, Оцука Казуја.

„Па навистина ова е една историска посета на комесарот за култура на Јапонија, и мислам дека потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете земји, ќе ги унапреди односите во секаков поглед„ вели советникот на јапонскиот министер за култура, Андријана Цветковиќ.

На концертот, Џез-оркестарот изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.

Давид Крстевски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста