Синѓелиќ-ден потоа, граѓаните не се расположени да коментираат за инцидентот

Легнатите полицајци наместени, метеж по улицата долж Сингилиќ, граѓани кои не сакаат да коментираат за вчерашниот собир, ваква е сликата во скопско Ченто откако вчера десетици граѓани излегоа на протест и ја прекршија мерката за огранучување на движењето.

Од протестот реализиран во полициски час .останаа само снимките на социјалните мрежи и медиумите, но и кривичните пријави поднесени до 3те лица, денеска протест немаше, граѓаните од оваа општина не сакаа да зборуваат, бегајќи од камерата на Алфа викаа дека ништо не знаат.

На местото каде вчера се одржа протестот сведочат само два легнати полицајци кои се во функција, но и покрај нивното поставување дел од возилата пред да настане метежот повторно брзо возеа.

Иако секојдневно се апелира да се почитуваат мерките на Владата, односно луѓето да не се групираат и да носат маски и ракавици, не сите во Ченто ги почитуваа.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста