Синдикатот на полицијата бара Владата да ја преиспита одлуката за награда од 15.000 денари


Синдикатот на полицијата со критика до власта која според нив со вчерашното отфрлање на паричната награда за полицајците само покажала дека не го цени трудот на вработените во МВР. Лути се и на премиерот Оливер Спасовски кој вчера изјави дека полицајците сами биле виновни, што се заразиле со корона оти не воделе доволно грижа.

-Додека бевте министер секојдневно говоревте во јавноста дека сте задоволен од работењето на полицијата, дека полициските службеници професионално си ги извршуваат службените задачи. Да, тогаш можеби не можевте да ги покачите платите во тој период, затоа денес сте на врвот и вашата одлука зависи дали ќе се донесе или одбие понудениот додаток. Затоа уште на наредната владина седница исправете ја вчерашната неправда и доделете го тој симболичен и така премногу мал додаток од по 15.000 денари – изјави Дејан Саздов од Синдикат на полицијата.

Министерот Наќе Чулев бараше на вработените во МВР лиенарно да им се исплатат пари како награда за заложбата и професионалноста за време на корона кризата. Министерката за финасии Нина Ангеловска пресече дека не дава пари за награда на полицајците и вработените во МВР, оти буџетот бил скратен иако Чулев тврди дека скратените пари се од „капитални расходи“ и „стоки и услуги“односно има најмал негативен ефект врз вработените во полицијата.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста