Синдикатите со предупредувачки протест, нов обид за договор за раст на минималната плата

Нова средба меѓу синдикатите, работодавачите и владата е закажана за денеска во 16 часот на која повторно ќе се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Претходно, Синдикатите последен пат предупредуваат дека подготвуваат блокади на крстосници, патишта, плоштади и институции ако нивните барања не бидат слушнати и реализирани. Отстапки сепак нема да има, јасни се од Сојузот на синдикати.

Токму енергетската и здравствената криза и сплетот на други фактори донесе и повисоки цени за живеачка. Барањето на синдикатите е 18.000 денари да биде минималната плата и скалесто да растат сите други плати. И тоа е најмалку што може да се побара сметаат работниците кои беа на протестот пред Стопанската комора на Македонија.

Стопанството смета дека треба да има финансиска помош за исплата на минималната плата, односно, на работодавачот кој исплатил плата во октомври, ноември и декември 2021 година да му се обезбеди финансиска помош за исплата на минимална плата од Буџетот на државата и тоа 2.800 денари по вработен за работниците кои биле во работен однос во моментот на промената во Законот, или пак, 50% од бруто износот на покачувањето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста