Синдикатите се погласно го креваат гласот против одлуката за поскапување на струјата

Расте револтот на граѓанските здруженија, но и на синдикатите кои се се погласни за повлекување на одлуката за поскапување на струјата. Синдикалецот Марјан Ристески за Алфа вели дека ако се сака се се може, само треба да се седне на маса и да се одлучи, а така ќе му се помогне на народот, наместо да му се одмага. Според него, сега прашање е на време кога Регулаторната комисија за енергентика ќе ја спушти топката и ќе ги пристисне енергетските компании да ги повлечат барањата за поскапување.

– Ако се сака, верувајте дека може да се направи се. Регулаторна ќе побара, а мислам дека ќе го стори тоа, а енергетските компании ќе попуштат и со тоа ќе им се помогне на граѓаните кои и оната се исцедени ко лимони, рече за Алфа синдикалецот Марјан Ристески.

Ристески ги поздрави Синдикатите на Македонија што бараат покачување на платите за 7,4%, односно толку колку би поскапела струјата. Вели дека здружени сите заедно против неправдата се посилни.

– Морам да кажам браво на поддршката на ССМ, кои бараат покачување на платите ако се зголеми цената на струјата. Само така сите заедно ќе им докажеме на сите кои водат грешни чекори дека прават неправда за народот, кој за време на пандемија не може да закрпи крај со крај, додава Ристески за Алфа.

Граѓаните и натаму се противат за поскапубањето на струјата.

– Револтот е јасен во време на пандемија, економски колапс и осиромашување на народот, оваа одлука е само капак на сите промашувања во енергетскиот сектор го направија за нас. Затоа на сите им порачуваме дека правдата ќе ги стигне сите, и ќе ги уништи, не велам дека тоа ќе биде преку ноќ, но за жал ќе биде, револтирани се граѓаните.

За поскапувањето на струјата претходеа бројни реакции во јавноста. Протести со барање за поништување на одлуката се одржаа во Тетово, Куманово, Дебар, Гостивар и во скопски Чаир, каде граѓаните најавија радикализирање ако државата остане глува на овие погрешни чекори.

Борис Грујоски