Синдикатите бесни на премиерот: „Администрацијата е на удар на власта“

Сидикатите бесни на премиерот. Велат изјавата на Заев дека администрацијата била корумпирана е или несреќна изјава или гаф на првиот човек на Владата. Реагираат дека веќе подолг период администрацијата е на удар на власта, службениците се маргинализирани и понижени со мизерни плати. Вработените во администрацијата работат како за двајца, дел од нив имаат и двојни задолженија, а власта не само што не ги наградила ниту еднаш, туку ги обвинува за нешто што реално не се случува во третиот ешалон, како што вели премиерот, туку во високите раководни функции.

Судските службеници пак го повикаа Заев јавно да сподели докази за обвинувањата со кои, како што велат ги наклеветил административните служби.

„Премиерот упорно манипулира со јавноста и со административните службеници кои што оваа власт ги става под големи притисоци“, реагираат од КСС.

Обвинуваат дека корупцијата во највисоките ешалони на власта постои, а тоа го докажуваат и извештаите на Транспаренси Интернешнл и на Стејт Департментот.

Алармираа дека корупција потекнува од избраниците на Премиерот кои вршат политички притисок врз вработените во јавниот сектор. „Корупцијата никогаш не може да се случува од доле па нагоре, туку обратно, бидејќи јавните набавки и тендерите се во рацете на функционерите коишто се избрани од страна на Владата“, велат преку соопштение од КСС.

Биљана Божиновска