СИМОНА ХАЛЕП СО ПРВА ТИТУЛА ВО РИМ
Симона Халеп е победничка на Мастерсот во Рим откако во големото финале бранителката на титулата, Каролина Плискова го предаде мечот поради повреда. Полесно од очекуваното, романската тенисерка ја освои првата титула во Рим. Халеп одлично го отвори мечот со 6-0, но при 2-1 во вториот сет, Плискова не издржа на болките во грбот, па се одлучи за најнепопуларниот потег на мечот. Така, Халеп дојде до третиот трофеј во низа годинава, по Дубаи во февруари и Прага во август. 28-годишната тенисерка од Романија се на се брои 22 титули во досегашната кариера, а како најзначајни секако Ролан Гарос 2018 и Вимблдон година подоцна.
КАТЕГОРИИ Останати спортови