Силно невреме во Далмација

Невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер и грмежи, денеска ги зафати централните делови на Далмација.

Како што објавија хрватските медиуми, во одделни подрачја наврнеле и до 30 литри дожд на квадратен метар, што предизвикало поплави по улиците.

Реонот е зафатен од силно Југо, кое според најавите на метеоролозите, ќе засили до крајот на денот.