СИЛНИТЕ СНЕЖНИ НАНОСИ НА СЕВЕРОТ ОД ИТАЛИЈА ПРЕДИЗВИКАА ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ

Силните снежни наноси го зафатија северот на Италија и предизвикаа низа проблеми. Откорнати се дрвја, сообраќајот се одвива отежнато, а во неколку региони противпожарните единици мораа да интервенираат десетици пати. Нивото на морето кај Венеција е подигнато за 130 сантиметри.