Силни земјотреси утрото во Хрватска, причинета материјална штета

Два силни земјотреси утрото ја погодиja Хрватска. Првиот е регистриран во 06:28 часот со јачина од 5,2 степени, а вториот земјотрес во 07:49 часот со јачина од 5,0 степени. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот на двата потреси се во близина на Петриње. Земјотресот бил почувствуван во Загреб, Риека и Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси.
Сеизмолошката служба на Хрватска ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак.
И сеизмологот, Маријан Херак, изјави дека денешниот потрес дефинитивно не е дел од истата серија како оној загрепскиот од 22 март, туку станува збор за друго епицентрално подрачје и нагласи дека сигурно ќе има уште потреси во тоа подрачје.
Во меѓувреме хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ пристигнаа во Сисак, придружувани од министерот за здравство Вили Берош.
„Дојдовме да ги поддржиме нашите сограѓани во Петриња и Сисак. Каква што беше годината, така и заврши. За среќа, тука нема голема штета“,рече Пленковиќ.
Хрватските медиуми пренесуваат дека регистриран е и трет потрес, со послаб интензитет од 4,1 степен нешто пред 8 часот. Противпожарната бригада добила неколку повици по што веднат интервенирала. Според досегашните информации нанесена е само метеријална штета.