Силни земјотреси ја погодија Турција

Два силни земјотреса утринава го погодија регионот околу Анкара, главниот град на Турција.

Првиот потрес бил регистриран во 9 часот по локално време. Неговата магнитуда изнесувала 4.7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во провинцијата Чанкара, североисточно од Анкара, на длабочина од 14 километри под површината на земјата.

Три минути подоцна земјотресот бил проследен со вторичен посилен земјотрес во истиот регион, а неговата јачина изнесувала 4.8 степени според Рихтер, јави турската Агенција за борба со природните несреќи. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од четири километри под земјата.

Двата земјотреса предизвикале паника во населените места во непосредна близина до епицентрите на потресите.

До овој момент нема податоци, ниту информации, за евентуални жртви, настрадани или предизвикана материјална штета.