Силјановска во „Отворено на Алфа“: Масовната излезност е единствена гаранција за фер и демократски претседателски избори

Масовната излезност е единствена гаранција за фер и демократски претседателски избори, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во гостување во „Отворено студио“ на Алфа ТВ.

-По толку години независност би било срамота да немаме фер и демократски избори. Масовната излезност на изборите е единствена гаранција за тоа. Јас сум натпартиски кандидат. Познавањето на македонската реалност, состојбите, но и теоретската основа, се само дел од она што треба да поседува претседател на државата, а вчуденевидена сум од изјавите дека на татковината и треба „татко“, а не „мајка“, вели Силјановска.

Решението со „името“ воопшто не ми се допаѓа, не е добро, навлегува во правото на самоопределување, има идентитетска закана, додава Силјановска.

-Ми пречи „решението“. Ниту сум сопственикниту креатор на ваквата кованица. Отуѓен и нетранспарентен беше процесот. Спротивно на уставот и меѓународното право. Не можам да прешкртувам, но прво ќе се обидам да укажам на заканите по меѓународното и домашното плата. Повикувајќи се на правото и правдата најпрво и укажам а потоа и ќе се обидам да го ревидирам, вели Силјановска.

Прашана за грешките на некои од митинзите таа вели:

-Кога одам на повеќе дестинации сакам да знам за сите проблеми на населението, се концентрирам на тоа и понекогаш се прават технички грешки, некогаш надвор кандидатите прават намерно такви грешки и се извинуваат, изјави Силјановска, која потенцираше дека од неа ниту некој чул, ниту ќе чуе понижување, навреда како што може да се слушне од еден од кандидатите во кампањата.