Сиљановска: Се обврзуваме со Обновата да промовираме заедништво во раководењето и да има 40% жени во Владата

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Сиљановска Давкова денеска беше дел од трибината на темата „Моќни жени во политиката, родова еднаквост, предизвици и можности за Македонија“.

“Бидејќи сум една од вас, многу добро знам дека патот на жените е потрнлив, работата е потешка за да се постигне истиот успех. Тоа не прави посилни, но и не обврзува нас кои се одважуваме да влеземе во политиката, да ги промениме законите, институциите и да влијаеме на промена на ставовите за да идните генерации, нашите ќерки и внуки со ист труд да постигнат ист успех како машките членови на нашите семејства, на нашата заедница.Светот може да се види и со машки и со женски очи, но најбитно е заедништвото. Се обврзуваме со Обновата да направиме промена, да промовираме заедништво во раководењето 40% жени во Владата и на назначени позиции. – вели Силјановска Давкова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста