Сиљановска Давкова: Самораспуштен парламент не може повторно да биде свикан

Се крие ли желба за брзи избори и колку што е  можно подобар резултат зад иницијативата на власта за повторно свикување на собранието? Во политичките кулоари и меѓу експертската јавност се повеќе се турка трезата дека на власта сака изборите да се одржат во Јуни. И на тој начин да го неутрализира негативниот ефект од корона кризата поради која прашањата за ЕУ и НАТО паднаа комплетно во втор план и особено поради економските последици кои допрва ќе се почувствуваат. На ваков начин власта би имала простор за нов датум за избори кој би го потпишал Талат Џафери, а неофицијално била разгледувана и варијанта за негова смена доколку се противи да закаже избори во посакуваниот термин.

Самораспуштен парламент според професорката Сиљановска не може повторно да биде свикан. Нелогично е ако престедателот донел одлука за вонредна состојба распуштен парламент да ја потврдува. Потсетува дека обиди за повторно свикување имаше и пред парламентарните избори во 2016, но до такво нешто не дојде со образложение дека било противуставно.

“Може да свикаат седница на парламент кој што е во заседание. Не на парламент кој што се самоираспуштил. Кажете миу одлуката за рсасдпуштање на собранието не важи? Ние имавме ситуација, но уставцниот суд рече дека таа оиидлука била неуставна, а сега таа одлука важи”, вели Силјановска.

Во меѓувреме иницијативата за собраниска седница стигна до Џафери. На неа се потпишани 35 пратеници од владеачкото мнозинство и опозицискиот блок на албанците. 15 повеќе од минимумот предвиден во собранискиот деловник. Во иницијативата се вели дека на собранието би му се дало приоритет кој му припаѓа околу прогласувањето на вонредна состојба и би се вовела контрола на работата на владата.

Џафери се уште не се изјаснил, но неговиот став е дека распуштено собрание не може да одржува седници.

ВМРО-ДПМНЕ е со ист став. Сметаат дека собраниоето не може да биде свикано и нечовечки е да се размислува за избори во време на корона вирусот кога секој ден има заболени или починати. Во најголемата опозициска партија се убедени во изборна победа.

На иницијативата не се потпишани пратеници на ДУИ. Партијата нема став за неа. Сметаат дека сите одлуки треба да се носат со консензус.

Експертите кои минативе денови ги контактираше Алфа како Апасиев, Климовски и Каракамишева сметаат дека целта на владата е и давање легитимитет на одлуката за вонредна состојба на претседателот пендаровски и уредбите со законска сила на владата. Дел од нив оставаат простор  за импичмент за пендаровски е посочуваат дека избори можат да се одржат 60 дена по завршување на вонредна или воена состојба. Во ситуацијава ако вонредната заврши на 16 мај избори би се одржале минимум на средината на јули.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста