Силјановска Давкова: Претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите

Силјановска Давкова: Претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите

„Неодамна ја слушнав изјавата на Герт Јан Копман кој што констатира дека Балканот предолго беше сам. Знам дека многу од моите колеги велат дека е недовршена симфонија ЕУ, без Западен Балкан. Други велат дека е Ахилова петица. Време е за промени!“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”.

„Она што мене ме загрижува деновиве е што се наближува прославата на 80 години по првата државност, АСНОМ – 1944 година, на АСНОМ присуствуваа и претставници и од Егејска и од Пиринска Македонија, ме плаши реченицата што сите ќе си ја поставиме, што сторивме за овие 80 години? Дали навистина ги браневме асномските принципи? И една личност постојано ме прогонува со умот и инспирацијата во мене, Владимир Полежиноски, генералниот секретар на АСНОМ. Зошто? Имав прилика да ја споредам француската декларација и стално ја споредувам за слободите и правата на човекот и граѓанинот и асномската декларација. Неверојатна сличност има меѓу нив“, појасни таа.

Силјановска Давкова додаде дека Владимир Полежиноски беше правник, доктор на правни науки на Сорбона.

„Затоа ние треба асномските одлуки да ги почитуваме. Зошто? Ако една од основните тези овде беше за државништво, а светот, Европа, Западен Балкан живее во страшна криза на државништвото еве има од кого да се инспирираме“, заклучи Силјановска Давкова.

Таа во текот на своето обраќање посочи дека некој го разубавува уставот, некој се обидува да го севернизира уставот, но ќе остане доказ за тоа кој е во право, а кој не.

-Ве предупредувам дека во Уставот има еден член кој што е гласен сведок на нашата историја, а химната се чинам дека како никој друг прегнантно не ја содржи во себе тешката историја. Член 36 вели Република Македонија им гарантира посебни социјални права на борците од антифашистичката војна и од сите ослободителни војни за Македонија на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност како и на членовите на нивните семејства кои немаат можност за материјална и социјална егзистенција. Посебните права ќе се редат со закон. Инициравме ваков закон. На тоа беше одговорено дека ќе биде атакуван со илјадници амадмани. Колку некој да го разубавува уставот, колку некој да го севернизира уставот, но ќе остане некој доказ за тоа кој е во право, а кој не, рече таа.

Силјановска Давкова истакна дека во уставот пишува дека ние нема да се мешаме во внатрешните работи, а нас цело време ни се мешаат соседите.

-Исто така нешто што не постои во ниту еден устав на планетата, а не во европските држави го содржи нашиот устав. Во него пишува дека нема да се мешаме во внатрешните работи на другите држави, а замислете цело време соседите ни се мешаат, вели Силјановска Давкова.

Потоа таа запраша:
-Кое поглавје го отворивме да прашам? Зошто некој не им предочи в преговорите и разговорите за преговарачката рамка дека постојат обврски не само за неименуваната страна, туку и за првата страна, навистина шокантно.

Силјановска Давкова потсети дека годинава го добивме најлошиот извештај на ЕК за напредокот, во сите класификации важиме за хибриден режим на граница за авторитарен, деновиве излезе и извештајот за делумна слободна држава, а најповторуваната синтагма беше дека нема напредок.

Влегуваме во групата на најкорумпираните држави, и да додадам дека живееме во политички систем со пореметена рамнотежа на трите власти во корист на владаа, премиерски систем, ама со двајца премиери, еден формален и еден фактички, а сега имаме у чудо невидено технички премиер, но однесувањето негово е султанско како на апсолутен монарх, рече таа.
Во однос тоа што треба направи идната претседателка, Силјановска Давкова истакна дека прво да состави еден експертски тим на врвни професори по уставно право не само одовде туку и од странство по примерот на Франција, за да го проучи Уставот во однос на генерирањето на проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме затоа што тоа е единствениот пат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста