Силјановска Давкова од Генералното Собрание на ОН: Кај што има вето нема правда
Македонија исполни многу од она што беше барано, исполни многу услови, неколку пати го менуваше Уставот, го промени името, направи големи жртви, сите ветувани дека ќе бидат последни за патот кон Европската Унија, порача претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова од Генералното Собрание на Обединетите нации.
Вели дека Македонија е жртва на ветото, односно билатералните условувања кои ги имаме од соседните држави за да станеме членка на ЕУ. Таа порача дека пред Обединетите нации се големи битки, пред се со економската состојба, климатските промени, кои ќе покажат каква иднина не очекува нас и нашите поколенија. Силјановска Давкова дека и на Македонија и е потребна поддршка од ОН, во моментите со кои сега се справува.+