Сиљановска Давкова: Изборот на оваа генерација е на 15 јули, денот кога гласно и јасно треба да и се каже збогум на оваа власт

Профеорката Гордана Сиљановска Давкова, која на последните претседателски избори беше кандидат за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на својата фејсбук страница објави статус во која порача дека на 15 јули граѓаните гласно и јасно ќе и кажат збогум на оваа власт и ќе тргнат по долгиот и трнлив пат на правото, правдата и демократијата.

 

„Искрено, по бесконечната „конечност“ на многуте датуми на г-динот Заев, не ми се верува дека е постигнат договор за 15-ти јули, како датум за парламентарни избори, очигледно, со странско посредништво.

Во битката за политичко преживување, партијата на власт беше спремна на 5-ти или на 8-ми, да „ПОБЕДИ“ во изборна трка СО ЕДЕН КОЊ, небаре ПЕГАЗ и да одлета во (Не)среќната ЕДНОПАРТИСКА, ТАТ- овска 1994!
За жал, среде здравствената и авторитарна драма, не можам да кажам дека сум најсреќна со датумов, ама не знам што е поопасно по нашето здравје, по здравјето на нацијата и државата: Ковид 19 или „ заевистичката“ власт?

Нашата епопеја изобилува со “Слобода или смрт”.
Пред Хамлетовата дилема сме: “Да се биде или не, прашање е сега!?”

Изборот на оваа генерација е на 15ти јули, денот кога ГЛАСНО И ЈАСНО треба да и се каже „ЗБОГУМ“ на оваа власт и да се тргне по долгиот и трнлив пат на ПРАВОТО, ПРАВДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА.“

 

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/posts/1154542724903601

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста