Силјановска Давкова, Филипче и Манчевски заедно на протест, Пендаровски на Фејсбук

На денешниот марш за женски права по повод 8-ми март, што се одржа во жена парк во центарот на Скопје на едно место заедно се најдоа претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски од СДСМ.

Тие заедно маршираа за родова еднаквост, женски права и слобода.

„Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае! На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост и подготвени за предизвиците кои ни престојат на нас, по трет пат маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“ Ве повикуваме да марширате заедно со нас со почеток во 12 часот од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, до плоштадот Филип Втори, за еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување!“, стоеше во најавата за денешниот марш, пренесува Република.

Кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендароски празникот го одбележа со напис на Фејсбук во кој им порача на жените да „останат секогаш инспирација во домот и општеството!“

Честит 8 март, останете секогаш инспирација во домот и општеството!

Publiée par Stevo Pendarovski sur Vendredi 8 mars 2019