Силен земјотрес во Македонија со јачина од 5 стешени по Рихтер, епицентарот во близина на Маврово
Граѓаните на поголемиот дел од западна Македонија изутрината доживеаја непријатно будење. Земјотрес со јачина од 5 степени по ги исплаши граѓаните Скопје, Гостивар, Тетово. За среќа до сега не се пријавени поголеми оштетувања. Според информациите на сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со епицентар во селото Леуново, во близина на Маврово.
Силниот земјотрес кој се случи во шест минути пред пет часот, бил на длабочина од 8,5 километри. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово. Околу 6:23 часот е почуствуван уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, шро се толкува како афтер шок по првиот удар.
Земјотресот во Скопје први го почувствуваа животните од скопската зоолошка градина. На социјалните мрежи осамна видео на кое се слушаат тажни крици на животните. Според недокажани теории се претпоставува дека животните можат да ги осетат земјотресите неколку секунди или минути пред тие да се случат.
Инаку, периодов имаше силен земјотрес во Измир, со шест афтер шокови кои се чувствуваа од Атина до Истанбул. Земјотресот беше со јачина од 7 степени по Рихтер и одзема над 100 жртви.

Адријана Алексиеска