Силен земјотрес на грчко- турската граница во близина на островот Родос

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран во 7.44 часот по локално време на грчко –турската граница во Егејското море.

Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил 37 километри југоисточно од грчкиот остров Родос.

За сега нема информации за повредени лица или материјална штета од силниот земјотрес.