Силекс и Пелистер денеска го отвораат второто коло во првата фудбалска лига

Со натпреварот Силекс-Пелистер што денеска од 17. 30 се игра во Кратово започнува второто коло во нашата Прва фудбалска лига. овој дуел е порано заради обврските на кратовци во квалификациите од Лигата на шампионите. Имено нив во вторник ги очекува еден единствен дуел кај Карабах во Азербејџан. Другите мечеви од оваа рунда во домашниот фудбалски шампионат се преку викендот. Утре играат Работнички и Беласица, а в недела Академија Пандев со Вардар, Борец со Ренова, Шакендија со Струга, а Шкупи со Македнија Ѓорче Петров. Сите се во тој термин од 17.30.

Advertisements